За 5+

Главната цел на 5+ како образовна иницијатива е да допре до децата и родителите со неформална едукација и забава преку телевизијата, дигиталните платформи и другите медиуми.

Темите кои се обработуваат се блиски, современи и интересни за децата и родителите, затоа генерации деца и родители пораснаа и сè уште растат со 5+.

Како обид да се помогне во растењето на деца со уште поемпатични срца и поотворени умови, 5 + се грижи за промоција на позитивните вредности како: толеранција, почитување, добро однесување, инклузија, кои се од суштинско значење за правилниот развој на едно општество.