Петко

Петко (Билјана Драгичевиќ Пројковска). Петко е куче – маскота во серијата, и неговиот лик се поистоветува со децата. Има човечки особини, и претставува „дете“ кое е прилично наивно, а пак како куче има поразвиени сетила за слух, мирис итн. Преку неговиот лик се објаснуваат многу основни поими/особини кои треба да ги научат децата. Во стокатницата живее заедно со Лина, одат во исто училиште и таа му е најдобра другарка. Continue reading “Петко”

Лина

Лина (Сања Арсовска). Таа е најдобрата другарка на Петко. Лина има поразвиена свест за социјалниот аспект на општественото живеење. Нејзиниот лик е во функција за да ги исправи однесувањата на останатите ликови, преку позитивни примери и логични заклучоци. Таа е одлична ученичка, сè прави со план, и навреме. Им помага на другите, особено на Петко, но и таа понекогаш знае да згреши. Премногу е доблесна за да си признае, бидејќи „тоа нејзе не може да ѝ се случи“, но сепак на крај ги признава грешките и си го коригира однесувањето. Нејзино хоби е астрологијата, знае сѐ за вселената, често оди во планетариум и членува во астролошкото друштво. Continue reading “Лина”

Комшо

Комшо (Зоран Љутков). Комшо е палавото дете и ликсур во друштвото. Нему секогаш му текнува да направи нешто кое е на границата или зад границата на она што можеме да го наречеме добро однесување. Неговата функција е да биде противтежа на останатите. Здодевни му се игрите кои ги предложуваат другите и најчесто приговара на сѐ што ќе се предложи, но секогаш се вклучува во играта. Не сака да биде изоставен, сака да биде центар на внимание и затоа често предизвикува бељи – од што не знае како да го привлече вниманието на другите. Негова најчеста изрека е „куууул“, бидејќи секако тој се смета за најкул во зградата, а сака и другите да го мислат и знаат тоа. Continue reading “Комшо”

Цветко

Цветко (Игор Ангелов). Цветко е другарче од зградата. Неговиот основен мотив и фокус, секогаш е игра и тој е главен иницијатор за дружба. Дете во вистинска смисла на зборот.  Гитарата му е омилена, па често си ја носи со себе и свири на терасата. Тој има многу релаксиран поглед на светот и животот, никогаш не размислува за проблемите и се соочува со нив само тогаш кога не може да ги избегне. Сè го интересира, но најчесто површно, додека не се појави нешто ново што ќе биде поинтересно. Заради таквиот негов карактер е многу лесно да биде повреден и да потпадне на пакостите од страна на манипулативниот Комшо.

Детективот

Детективот претставува вид на маскота, и е прилично наивен и смотан лик. Го повикуваат секогаш кога во зградата ќе се случи некоја „мистерија“. Тој на драго срце ги прифаќа повиците од децата и со сета детективска одважност доаѓа во стокатницата. Неговите истраги се многу забавни и најчесто водат кон нелогични заклучоци,  коишто го носат во погрешна насока, но на крајот, со помош од другите, тој секогаш ја решава мистеријата со којашто е соочен. Честопати дури и откако проблемот е решен, тој не го сфатил решението и му треба време за да го прогласти случајот за решен.