Цветко

Цветко (Игор Ангелов). Цветко е другарче од зградата. Неговиот основен мотив и фокус, секогаш е игра и тој е главен иницијатор за дружба. Дете во вистинска смисла на зборот.  Гитарата му е омилена, па често си ја носи со себе и свири на терасата. Тој има многу релаксиран поглед на светот и животот, никогаш не размислува за проблемите и се соочува со нив само тогаш кога не може да ги избегне. Сè го интересира, но најчесто површно, додека не се појави нешто ново што ќе биде поинтересно. Заради таквиот негов карактер е многу лесно да биде повреден и да потпадне на пакостите од страна на манипулативниот Комшо.