Петко

Петко (Билјана Драгичевиќ Пројковска). Петко е куче – маскота во серијата, и неговиот лик се поистоветува со децата. Има човечки особини, и претставува „дете“ кое е прилично наивно, а пак како куче има поразвиени сетила за слух, мирис итн. Преку неговиот лик се објаснуваат многу основни поими/особини кои треба да ги научат децата. Во стокатницата живее заедно со Лина, одат во исто училиште и таа му е најдобра другарка.