Лина

Лина (Сања Арсовска). Таа е најдобрата другарка на Петко. Лина има поразвиена свест за социјалниот аспект на општественото живеење. Нејзиниот лик е во функција за да ги исправи однесувањата на останатите ликови, преку позитивни примери и логични заклучоци. Таа е одлична ученичка, сè прави со план, и навреме. Им помага на другите, особено на Петко, но и таа понекогаш знае да згреши. Премногу е доблесна за да си признае, бидејќи „тоа нејзе не може да ѝ се случи“, но сепак на крај ги признава грешките и си го коригира однесувањето. Нејзино хоби е астрологијата, знае сѐ за вселената, често оди во планетариум и членува во астролошкото друштво.