Комшо

Комшо (Зоран Љутков). Комшо е палавото дете и ликсур во друштвото. Нему секогаш му текнува да направи нешто кое е на границата или зад границата на она што можеме да го наречеме добро однесување. Неговата функција е да биде противтежа на останатите. Здодевни му се игрите кои ги предложуваат другите и најчесто приговара на сѐ што ќе се предложи, но секогаш се вклучува во играта. Не сака да биде изоставен, сака да биде центар на внимание и затоа често предизвикува бељи – од што не знае како да го привлече вниманието на другите. Негова најчеста изрека е „куууул“, бидејќи секако тој се смета за најкул во зградата, а сака и другите да го мислат и знаат тоа.