Дедо Менде

Дедо Менде (Игор Ангелов). Дедо Менде е дедо кој е малку сенилен, и маж е на Баба Севда, од која често се жали колку му досаѓа и му дава разноразни обврски. Дедо Менде сака да се дружи со децата од зградата и често знае да се заборави со раскажувања на приказни од времето. Тој знае и да „откачи“ и да игра и пее. Сите ги вика „внучко/ке“ и сите го сакаат и го почитуваат и покрај тоа што некогаш знае да биде прилично напорен.